(видео) Закани со оружје на ГОБ 8-ми септември, полиција привела двајца

Попладнево две лица се приведени откако се обиделе да влезат во ГОБ 8-ми Септември и барале да го земат телото на нивна блиска почината од КОВИД 19 и да го однесат на обдукција.

Надлежните во болницата им кажале дека протоколите за обдукција предвидуваат чекање од два часа и потоа со погребно возило телото да биде префрлено на скопска патологија.

Роднините се побуниле и почнале да се закануваат со оружје по што е повикана полиција која ги привела.

Од ГОБ 8-ми септември за Телма велат дека после полициската интервенција роднините ги потпишале протоколите и телото е префрлено на патологија.

Од скопската полиција потврдија дека поголеми интервентни тимови се пратени на терен, а по претресот на насилните е утврдено дека немале оружје. Против приведените ќе се поднесат аоодветни пријави за насилство и за заканите.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ