
Закани кон граѓаните што се во задолжителен карантин, Чулев бара да не се стигматизираат
Од преместување на лицата кои се во државен карантин до палење на хотелите во кои тие се сместени. Паднаа и првите закани преку социјалните мрежи каде мета се нашите сограѓани кои беа заглавени во повеќе држави во Европа и светот и со чартер летови организирани од МНР беа вратени назад а потоа и во задолжителен карантин.
Почна со незадоволството што двестотини лица беа стевни во карантин во хотелот „Епинал“ во центарот на Битола а заврши со повик за куршум во чело за оние кои ќе ги напушптат хотелите. Оваа објава поставена на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше причина за реакција на дополнителната заменик министерка Славјанка Петрова која лично го пријави случајот и побара говорот на омраза да запре.
Министерот Наќе Чулев апелираше на солидарност и најави дека ваквите случаи нема да се толерираат
Во Охрид пак жители на станбена зграда реагираа откако во неколку апартмани кои сопственикот ги отстапи на државата ќе бидат сместени повратниците кои таму ќе го минат задолжителни 14 дневен карантин.
Чулев соопшти дека бројката на лица секојдневно се зголемува но и дека тие се под постојан полициски надзор и нема простор ниту за паника ниту за стигматизација.
Наќе Чулев, министер за внтрешни работи
Според официјалните информации од надлежните, во последните 24 часа на 91 лице им се издадени решенија за изолација и се префрлени во карантин а во моментов над 12 илјади граѓани се во домашна самоизолација.
Огнен Чанчаревиќ