Захариева: Се радувам дека има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје

Се радувам поради тоа што има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, одговарајќи на новинарско прашање за спорот за името меѓу Грција и Македонија.

– Тоа е билатерално прашање и да ги оставиме Атина и Скопје да ги водат преговорите со посредство на Обединетите нации, нагласи Захариева и посака успех во преговорите, јави БТА.

Во Бугарија, која е актуелен претседавач со Европската унија, на 15 и 16 се одржува неформален состанок на Советот за надворешни работи (Гимних), на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ