
Захариева: Политичарите од Западен Балкан да престанат да се жалат
Со критика и до политичарите од Западниот Балкан, но до европските лидери денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, но и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од тинк-тенк форумот во рамки на Берлинскиот процес кој се одржува во ко-претседателство на двете земји во Скопје, побараа зелено светло за Македонија и Албанија од Европскиот совет во март. Захариева притоа рече дека нејзината земја останува голем поддржувач на европската перспектива на западниот Балкан.
- Треба да го искористиме овој моментум од имање на толку многу членки на ЕУ, пријатели на проширувањето и тоа е порака до политичарите од Западниот Балкан, знам дека Никола исто мисли, дека тие треба да престанат да се жалат. Да, постои не толку голем ентузијазам кај некои земји-членки за идното проширување, но исто така има и не толку голем ентузијазам во некои балкански земји за реформска агенда“, рече Екатерина Захариева, министер за надворешни работи на Бугарија.
Таа за новата методологиј рече дека е добар предлог на Европската комисија, кој се уште не е усвоен, за кој рече дека не смее да се корсти како аргумент за одложување на старт на пристапните преговори. Според неа одлуката треба да биде донесена во март, во спротивно ЕУ ќе го загуби кредибилитетот.
Димитров пак смета дека драстичниот случај на Македонија ја става Европската унија на голем тест.
- По удирање во ѕид трипати, сметам дека недавање одлука сега по брилијантното ажурирање на реформската агенда која неодамна беше објавена од ЕК, недостиг на одлука во суштина ќе значи дека вратата е затворена“, изјава Никола Димитров, министер за надворешни работи.
Според Димитров овојпат постојат двете клучни состојки за успех т.е. старт на преговори – новата методологија и добриот вонреден извештај за напредокот на земјава двете. Според него ќе треба малку политички менаџмент во носењето на одлуки – прагматичне пристап на оние кои се за процесот на проширување и визионерски пристап на оние земји кои се малку скептични за да можат да прогласат вин-вин и за Унијата и за регионот.
Тамара Грначорска