Загрижувачки пораст на заболени од дијабетес, голем број од нив се деца

250.000 дијабетичари од кои 70.000 пациенти на инсулинска терапија. Ова е бројката на лица заболени од оваа болест во Македонија, која за разлика од регионот каде има опаѓање, кај нас се зголемува.

Доктор Александар Митев вели дека за разлика од другите болести каде човекот не може многу да смени, кај дијабетичарите правилна исхрана и физичка активност даваат големи и позитивни резултати. Но дисциплината кај македонското население да практикува ваков начин на живот е мала.

Зголемената бројка на дијабетичари освен на модерниот начин на живот се должи и на застарена инсулинска терапија, но и доцнење на истата. Ирена Симовска од Тетово мајка на две деца кои боледуваат од дијабет, се надева на подобрување на состојбата пред се со најавата дека ќе се набави инсулин за деца Тресиба.

Загрижува и податокот на зголемување на деца дијабетичари. На ниво на Македонија нивната бројка достигнува до 550, од кои најголем број се регистрирани во Струмица и Тетово.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ