Загреб утрово: Оштетени згради, заробени луѓе под урнатини, повредени и уништени автомобили

Загрепскиот институт за итна медицина потврди. Првата жртва од змејотресто е момче на 15-годишна возраст.

„Добивме извештај за урната зграда на Ѓорѓичева 13. Екипа на брза помош излезе на терен и пронајдоа тешко повредено дете кое веќе не покажуваше никакви знаци на живот“, рече Жарко Рашиќ, директор на Институтот за итни медицина.

Детето, на возраст од 15 години, било пренесено на Клиника за детски болести, но таму само била констатирана неговата смрт.

На подрачјето на Загреба по силниот земјотрес има и заробени луѓе во оштетните објекти, информираат градските пожарникари.

 

 

Во земјотресот се срушила кулата на главната катедрала.

ЕМСЦ на Хрватска потврди дека епицентарот на земјотресот е 7 климетри северно од Загреб на длабочина од 10 килметри. Рапукнаа ѕидовите на ѕидовите на зградите на улиците Врбикуа о Драшковичева, а има паднати и цели кровови. Во становите се е првртено наопаку јавуваат тамошните медиуми. Граѓаните се на улиците стравувајчи да не се повторат потресите.

Во земјотресот се срушени неколку објекти, уништени возила, а исто така оштетена е дел од болницата Ребро, и болницата на улица Петрова.

View image on Twitter

Два силни потреса, првиот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала во 6:24 часот, а вториот од 5 степени во 7:00 часот, го погодија денеска рано наутро Загреб. Имаше и трет удар со јачина од 3,7 рихтерови степени во 7:41 часот

Дополнителн проблеми на службите и граѓаните во давање помош на настраданите им предизвикуваат мерките кои се на сила заради пандемијата од Корона вирус и држењето растојание.

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ соопшти дека по првите информации, три лица се повредени во земјотресите кои утринава во 6:24 и 7:01 часот го погодија главниот град Загреб.

Државниот врв за денеска најави вонреден состанок по утринските два земјотреси во Загреб, едниот со јачина од 5,5 степени, и вториот со 5,0 степени според Рихтеровата скала.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ