Загина работник на ЕВН

Утринава загина 43 годишен работник на ЕВН од село Милетино, откако паднал од оваа бандера во близина на тетовско Џепчиште. Вработениот го чистел теренот од гранки, а воедно и вршел замена на делови. Случајот околу 9 30 минути го пријавил неговиот 54 годишен колега. Лекарите набрзо пристигнале на лице место, но само ја констатирале неговата смрт.    

Од компанијата ЕВН, велат дека чекаат да заврши комплетно увидот па потоа ќе излезат со информации околу настанот и како дошло до паѓање на бандерата

Инаку на полошкото подрачје на годишно ниво се случуваат по триесетина несреќи при работа најмногу во градежништвото, пред се поради некористење на заштитна опрема при работа.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ