Загина полицаец на железничкиот премин во Хиподром

Семафорот не свети, но има звучна сигнализација. Рампите се спуштаат од двете страни, но возилата речиси до последен момент минуваат преку железничкиот премин. Возот се доблiжува и се поинтензивно свири како предупредување.

Ова е сликата на железничкиот премин во Хиподром неколку часа по трагичната сообраќајна незгода во која загина полицаец. На ова место утрово околу 6 часот товарен воз удрил во полицискi фолксваген венто. Смачканто возило излетало покрај пругите.

34 годишниот  полицаец починал на самото место. Според информациите на Телма, машиновозачот, но и двајца очевидци на увидната екипа и раскажале  дека пред несреќата, додека возилото ги минувало пругите, семафорот светел црвено, а кратките рампи низ кои може да се протне возило биле спуштени. Но, обивнителството кое отвори истрага ќе треба да ги провери до крај сите аспекти. На помош ги има и безбедносните камери посетавени пред железничкиот премин. Уништениот автомобил со пајак возило беше подигнат, но остатоците од каросеријата расфлани во должина од 100 метри покрај патот сведочеа за силината на ударот, но и за фатланите последици.

За локалното население ова е црна сообраќајна точка и се сеќаваат на повеќе трагедии во минатото. Целиот пат од Маџари до Катланово го нарекуваат патот на смртта. Иницијативен одбор од оваа населба од 2006-та година до сега бара и од локалната власт, но и од Министерството за транспорт и врски да го испочитува договорот со кој ке се подобри инфраструктурата на овој пат. Незадоволни се што до сега ниту една власт ништо не е направила.

Според статистиката на МВР од почетокот на годината, низ државата имало 12 железнички несреќи во кои 6 лица го загубиле животот, а 5-мина биле повредени

Елена Ивановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ