
Загадувачите се ловат и од воздух
Државниот инспекторат за животна средина со камера во воздух ги лови скопските загадувачи на околината и воздухот. Во едно претпладне, на локацијата Варадариште долж реката Вардар меѓу општините Аерoдром и Гази Баба неконтрoлиrано гори запален смет, а чадот се шири во блзина на мерната станица Лисиче.
Камерата улови и несовени граѓани. Ладнокрвно го истурија шутот на дивата депонија и си заминаа.
Сите видео записи се предадени на надлежните општини. Богданoвски и наложил да ги лоцираат прекршителите и да ги казнат соодветно.
Благодарејќи на сликите од камерата, граѓаните кои фрлија стар душек и си заминаа се пронајдени. Казнети се и им е наложено да си го земат шутот со себе. Деновиве ќе се прегледуваат материјалите и од снимките од складовите за секдуандарни суровини, а ќе бидат изврешни и контроли од инспектори за да се утврди дали се чуваат и горат опасни отпадоци. Проверена од воздух е и локацијата „Момин поток“ во населбите Карпош и Ѓорче Петров која беше посочена од околните жители дека оттука мириса на чад. Инспекторатот се уште ги обработува снимките, а треба да соопшти дали ќе има соодветни пријави.
Според последните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот е под високите стапки и затоа привремените итни мерки кои ги наложи владата и локалната самоуправа се ставени во мирување.
Павле Беловски