Загаденоста на воздухот ја контролираат мал број инспектори

Ова е единствената мерна станиза за загадување на воздухот во Куманово. Градските власти се посомневаа дека е расипана кога во петокот вечер градот изби на првото место по загаденост во светот. Таа е во кругот на болницата, па ден по тоа општината излезе со соопштение дека објектот се загрева на мазут во моментот кога ќе се запалат печките пикот е огромен. Директорката на болницата Снежана Захариева негира дека тоа е единствена причина.

Министерот за здравство Венко Филипче за Телма вели дека проект за гасификација на болницата е веќе направен, министерството има и пари за реализација. Се чека општината да даде потребни дозволи за работите да стѕартуваат.

Загадувањето на воздухот најмногу се чувствува во вечерните часови. Општината донела повеќе итни мерки уште во декември лани но дури и самата не ги почитува сите.  Во нив напишала дека тесните грла на градот ќе треба да се затворат, да се редуцира сообраќајот, институциите во тендерите да нагфгласуваат дека набавуваат еколошки горива и уште многу други решенија. Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се правда дека контролата на спроведувањето на мерките ја вршат мал број инспектори.

Вака Куманово се справуваше со загадувањето откако во петокот вечер се гушеше. видеото за аеросолемизација за да се намали присуството на ПМ 10 честички го закачи градоначалникот максим Димитриоски на својот фејзбук профил. Но тоа е само една од многуте ургентни мерки донесени. Во меѓувреме приматот на најзагаден град гго превзеде Скопје. Денеска главниот град е 10 ти на светската листа. Сезоната на загадување веќе почнува а властите и годинава се затекнати, сметаат екологистите.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ