
Загадениот воздух крати една година од животот – децата се соочуваат со проблеми во развојот на респираторниот систем
Скопјани четири дена по ред дишат загаден воздух, а градот целата зима е на листите на најзагадени градови во светот. Таму е во конкуренција со места од различни континенти – како Пекинг, Сеул, Белград и Богота. Алармантната ситуација насекаде ги собра на едно место експертите од Светската здравствена организација. Тие мереле и прибирале податоци, по што го заклучија очигледното – на речиси целата планета се дише загаден воздух, а годишно од тоа умираат милиони луѓе. Според нив, Македонија е најзагадена европска држава, а Тетово и Скопје се на врвот на листата на најзагадени градови во Европа.
Светска здравствена организација пресмета дека 7 милиони луѓе годишно умираат поради изложеност на загаден воздух кој навлегува длабко во белите дробови и кардиоваскуларниот систем, велат од СЗО.
Најмногу страдаат луѓето во сиромашните земји кои живеат околу големи индустриски капацитети, а немаат средства да се иселат оттаму, сметаат експертите.
Директорот на институтот за белодробни заболувања КОЗЛЕ, Андоновски, ни кажа дека заради временските услови моментално, помалку деца се јавуваат во болница со проблеми со дишењето. Но, загадениот воздух може да направи сериозни последици кај најмалите.
Загадениот воздух надвор е директен виновник за повеќе од околу 4 милиони смртни случаи годишно. Нешто помалку, 3.800.000 се резултат на изложеност на домот на чад од валкани шпорети и гориво.
Петар Догов