Заев знаел математика како дете, другите министри имаат ИТ вештини од микрософт

Зоран Заев, Премиер и во исто време кандидат за Министер за финансии. На две и пол страници до собранието доставил расказ за себе наместо ЦВ со кое би сакал да ја добие и втората функција. Полно е со убави епитети но како да сераскажани од трето лице, пофалби има и за неговиот брат и фамилијата Заеви.

Заев и неговиот брат беа воспитани да бидат вредни луѓе кои никогаш не ги одложуваат обврските и веруваат дека постои решение за секој проблем. Покажува афинитети за математика и беше опкружен со членови на семејството кои беа просперитетни бизнисмени, активни и почитувани во социо – политичката и економската сфера, се вели во биографијата.

Во биоргафијата на Заев уште има неколку реченици за тоа како работел и напредувал во фирмата на вујко му, како влегол во политика, станал градоначалник кој често гостувал на локалните телевизии, по што следува лидерската кариера во СДСМ за која се вели дека го издигнала во синоним на за храброст и предводник воборба за правда, слобода и демократија. Со ови атрибути тој ќе ја бара поддршката за да седне во столчето на Драган Тевдовски кој на функцијата дојде од професор на економскиот факултет. За сега не се знае дали Заев ако стане министер ќе зема две плати и премиерска и министерска.

Цела низа на информатички способности навеле кандидатите за министри, иако голем дел од тие ИТ знаења во 2019-та веќе се сметаат за знаења од општа култура. Јавноста многу реагираше за Садула Дураку кој напишал дека знае и микрософт експлорер-програма кој служи за пристап до веб страници. Ново-стариот министер од Липково вели дека знае и микрософт аутлук програма за читање електронска пошта, дека е способен за работа во група и под стрес. Не заостанува ниту битолчанецот, лидерот на ЛДП Горан Милевски, кој како техничко знаење пишал и интернет. Странецот во екипата, новиот кадар на ДУИ Насер нуредини за чиста животна средина пишал дека како знаење од финансиски софтвер го смета и можноста за пребарување на економските сервиси на агенциите Блумберг и Ројтерс. Останатите тројца кандидати, меѓу нив и Заев не пишале повеќе детали за своите компјутерски вештини.

Идниот прв човек на култура Хусни Исмаили има богата биографија, но од медицината. Со културни активности се занимавал во деведесетите години од минатиот век, и во тоа време уредувал книги, радио драми, телевизиски емисии и саем на книга на албански издавачи.  Трајан Димковски индиот министер за земјоделство пак има богата кариера како во државни институции така и во невладини. Додека бил во здружението на заемјоделски производители од куманово, бил вклучен во набавка на семе, вештачко губре, јуници од Холандија и тоа за членовите на здружението.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ