
Заев: Волјата на народот, треба да се претвори во политичка активност – Доколку ВМРО – ДПМНЕ не ја почитува волјата, одиме на предвремени избори
Премиерот Зоран Заев излезе на прес-конференција по затворањете на гласачките места за референдумот и го поздрави демократскиот дух на денешното гласање.
Истакна дека верува оти најголем дел од граѓаните, на овој консултативен референдум, ја одбрале опцијата ЗА. Додека се чекаат конечните резултати, Заев кажа дека волјата на народот мора да се почитува и дека таа потоа мора да претвори во политичка активност во Собранието.
„Очекувам пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да ја почитуваат волјата и одлуката на мнозинството граѓани. Во спротивно ќе ја примениме втората демократска мерка – предвремени избори, веднаш“.