Заев во Топ Тема: Јас сум убеден дека ќе донесеме заедничка одлука за датум на изборите

“Разговаравме вчера и утврдивме дека ќе мора да живееме со корона вирусот се додека не се пронајде вакцина. Се јавуваат одредени “џепови”, но корона кризата одминува. Граѓаните треба да знаат дека никој не сака да брза на избори, сите сакаме здравјето на граѓаните да биде обезбедено, да нема заболени . Но, во услови кога нашата земја нема парламент, нема политичка влада да носи одговорни одлуки, здравје за граѓаните е у функционален парламент и политичка влада” – вака лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го претстави текот на вчерашната лидерска средба и ставот на својата партија.

Според Заев, летниот период кој следува пред нас, со високите температури, со 40 степени и маските кои граѓаните ќе треба да ги носат, одењето на избори е неприфатливо. Вака тој образложи зошто, според СДСМ,  изборите треба да се одржат побргу.

“Можноста за нови пикови во летниот период и натаму е присутна, особено со отворањето на границите, вели Заев. На есен веќе школите ќе работат, ќе доаѓаат новите вирози, сега е момент кога беше се затворени и имаше рестриктивни мерки, потенцијалот за нови болни е најнизок. Заклучивме дека ќе мора да живееме со корона вирусот и треба да организираме избори” – рече Заев.

Ќе се чекаат насоките од Комисијата за заразни болести, а следната недела во понеделник или вторник ќе има нова лидерска на која ќе се дефинираат работите, вели лидерот на СДСМ.

“Следната недела ќе имаме втора лидерска средба на која ќе треба да го утврдиме датумот. Ние номиниравме неколку датуми. Номиниравме 14-ти јуни, заради тоа што вонредната состојба завршува, треба недела, две да се зголемува, опадната е кризата. Но, ние сме отворени и треба заедно да го утврдиме датумот за изборите” – изјави Заев.

“Јас сум убеден дека ќе донесеме заедничка одлука за датум на изборите” –изјави Заев во Топ Тема.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ