
Заев: Владата нема информации за руско влијание врз референдумот
Македонија нема идентификувано земји кои шират лажни вести на овие простори, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали гледа опасност од негативното руското влијание во пресрет на референдумот.
На денешниот настан Денови на медиумите ЕУ-Западен Балкан, тој во својот говор рече дека медиумите играат значајна улога во пренесување на точните информации. Тој е застапник за саморегулација на медиумскиот простор, а од медиумите очекува активна транспаратнетност, а од граѓаните да ја следат практкиката – следење на вести од различни медиуми.
Говор одржа и еврокомесарот Јоханес Хан, кој ја истакна важноста на 23 и 24 поглавје во преговорите што се однесуваат на медиумите. Доколку не се спроведат, рече Хан, постои ставка со која може преговирте за влез во унијата да се стопираат.