Заев: Верувам дека мојот оптимизам за решавање на името ќе се оствари

Претседателот на Владата на Република Македонија во гостувањето на Топ тема на Ваша страна на ТВ Телма истакна дека сме пред историска шанса за решавање на спорот за името, останува уште да се допрецизираат сите детали од договорот со Грција и утре со премиерот Ципрас да ја соопштат радосната вест.

„Објавивме веќе во јавноста, оставивме за утре повторно да разговараме, да го направиме историскиот исчекор. Мојот оптимизам ексклузивно тука кажувам можеби ќе се оствари, многу стручност, професионалност на државните институции кои беа дел од овие преговоди. Да добиеме фер договор, да го зајакнеме идентитетот, да седнеме рамо до рамо со најмоќните држави во меѓународните институции“, изјави премиерот Заев.

Зоран Заев исто така посочи дека за вакви прашања од национален карактер важни за нацијата, потребно е сите политички партии и сите фактори, сите заедници да застанат заедно. Сите ќе бидат информирани, дури и од опозицијата и очекува поддршка од нив што ќе значи голема шанса за влез во ЕУ и НАТО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ