
Заев: Верушевски ќе се дообјасни на следното рочиште
Премиерот Заев комуницирал со Верушевски и очекува работите околу бомбите да бидат појасни на второто рочиште. Нормално е да бидам информиран од мојот советник за национална безбедност, она што е битно е дека форензиката ја потврди автентичноста на аудио материјалите кои во тој период беа предадени на Верушевски, вели Заев.
Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски во сведочењето за „Таргет-Тврдина“ на 23 септември рече дека документацијата доживеала страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година. Ја негираше и неговата вклученост во преземањето на бомбите од разузнавачите во УБК Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски трдејќи дека тој само ги обработувал.
Обвинителката Фатиме Фетаи оцени дека неговата изјава нема да влијае врз постапките што ги водеше СЈО а ги презеде редовното обвинителство. Никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза, сечени, лепени, монтирани, рече Фетаи.
Јулијана Пешевска