
Заев, Вангеловски, Јовески и Јанева ќе го контролираат спроведувањето на судските реформи
Претседателот на Врховниот суд Вангеловски, претседателите на кривичниот суд Џолев и на скопска апелација , обвинителот Јовевски и специјалната обивнителка Јанева ке бидат членови на новиот правен совет кој ке треба да ги имплемтира реформите од стратегијата за правосудството, подготвена од претходниот советот за реформи кој неодамна беше распуштен.
Ова го потврди и премиерот Заев кој ке го биде на чело на новиот Совет . Вели дека ги привршува консултациите со правните советници и планираат, во него да членуваат пред се практичари од правосудството, претставници на здружението на судии, од адвокаска комора но и правни експерти. На забелешките дека во новото тело ке влезат и личности кои во минатотo поставуваа сопки на СЈО, Заев вели не се воделе од имињата туку од функциите.
-За мене, почнувајќи од Зоран Заев па до кој било функциониер, се е минливо и менливо, така што не гледаме на самите личности. Еве на пример, апелација Скопје има претседател кој е на крајот на својот мандат, но одиме со Апелација, ние не знаеме дали ќе биде сегашниот претседател и колку неговиот мандат ќе опстои или ќе дојде нов. Не се водиме од името и презимето на личностите коишто ги водат институциите и Врховниот суд, изјави Заев
Професорката Мирјана Најчевска која беше дел одпретходниот советот за реформи но си даде оставка пред се затоа што немале независнист во делувањето и не се прифакале нивните сугестии, смета дека внесувањето на голем број практичари од судовите и обивнителствата во едно вакво тело е проблематично.
Спорад Најчевска, тело кое ќе се грижи за реформа на правосудниот систем треба да постои, но тоа да биде експертско, независно чиј збор ке се слуша и ке има јасно определн мандат.
Во новиот совет ќе членува и министерот за правда и неговиот заменик а најверојатно и претставник ќе има и од финансии потврди за Телма заменикот во правда Оливер Ристовски, кој влеи дека до крајот на недлеата ке биде објавен официјално и конечниот состав.
Елена Ивановска Мукоска