Заев утре ќе пие кафе само со Ахмети и Села?

Заев утре ќе пие кафе само со Ахмети и Села, доколку не ги стави и предвремените избори на дневен ред. Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска потврдија дека Мицкоски инсистира да се разговара и за оваа точка и дека нема да се предомисли.

Заев, пак, вчера изјави дека нема намера да исполнува ничии желби и дека првин треба да се договорат за измени на Изборниот законик, за законот за Јавно обвинителство и за пописот. Неговиот коалиционен партнер, Ахмети покажа загриженост поради објавувањето на бомбите за ДУИ, но какви ќе му бидат позициите на утрешната средба, од партијата засега не откриваат.

За сите прашања што ќе се најдат на дневен ред пред лидерите утре, е потребен политички консензус и  двотретинско мнозинство. Доколку не постигне договор со Мицкоски, Заев ќе мора повторно да преговара со независните пратеници за да ги обезбеди потребните гласови.

Далиборка Демјанска Дветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ