Заев: Условената препорака е мотивирачка

Премиерот Зоран Заев смета дека вчерашната одлука за добивање датум за преговори со ЕУ во јуни 2019 дава стимул нашата држава да продолжи да работи на реформите. Обраќајќи се на Рос –Рот семинарот во Собранието тој им се заблагодари на земјите членки на Унијата, особено на Грција и Бугарија кои воделе плодни дискусии и се избориле за посакуваната одлука за Македонија и Албанија.

Заев соопшти дека во петок ќе има состанок со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Поранешниот специјален пратеник на Балканот Џејмс Пердју, кој ја ословуваше земјата со Северна Македонија, го оцени како историски договорот за името. Името Севрена Македонија одлично звучи и ја прикажува реалноста и историјата на регионот, рече Пердју.

Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Паоло Али се надева дека лидерите на Алијансата ќе го следат примерот на ЕУ, а Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери е убеден дека референдумот за името ќе биде позитивен, а договорот со Грција ќе биде имплементиран од двете страни најдоцна до крајот на годинава или на почетокот на јануари кога ќе станеме полноправна членка на НАТО.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ