Заев убеден во успешен референдум, Мицкоски не знае дали ќе го подржи

Согласноста за Европската унија и НАТО ќе биде во првиот дел од референдумското прашање, а договорот со Грција во вториот. Ова синоќа го откри премиерот во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ 1. Убеден е дека резултатот ќе биде позитивен.

Премиерот во интервјуто лицитира со три датуми, на кои би се одржал  референдумот – 23 септември, 30 септември или 7 октомври. Вели дека резултатот од него ќе биде обврзувачки за сите, вклучително и за опозицијата. Опизицискиот лидер, пак, е резервиран. Во синоќешното гостување на Телма, изјави дека ќе почека пред да изгради јасен став, дали ќе го поддржат референдумот или ќе повикаат на бојкот.

Мицкоски во интервјуто повторно ги подгреа шпекулациите дека поддршката на референдумот ќе ја условува со амнестија за осудените за настаните од 27-ми април. Најави дека се подготвува да предложи закон за амнестија, за кој ќе побара поддршка и од Зијадин Села. Тврди дека се работи за политичка пресметка, а не за кривичнио дело.

Од СДСМ веднаш му вратија дека амнестија нема да има, затоа што правдата за сите е државен интерес. Го повикаа јавно да го каже ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот и наместо да го брани Иванов, да се охрабри и да ги повика членовите на партијата да излезат на гласање.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ