Заев: Третиот пакет економски мерки е на ниво на дебата, конечните одлуки ќе ги донесе Владата

Третиот пакет економски мерки се уште е на ниво на дебата. Јас го најавив, а Владата е таа што конечно ќе ги донесе одлуките и ќе ги соопшти, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање по денешната состанок на коалицијата „Можеме“.

-Економскиот пакет го најавив. Тој помина на економскиот совет на СДСМ на кој учествуваа и премиерот, минисерот за финансии, потпретседателката на Владата задолжена за економски прашања и неколку директори на економски институции, каде димензионираме одредени пакети, но сето тоа владата го преговара. Владата разговара прво со своите партнери, како коалициски, но разговара и со синдикати, и комори, но и со банки, со кои мора да бидеме усогласени, а со кои  преговоараме и бараме поволни и евтини крдити. Не смееме да дозволиме да бидеме надвор од ваквиот преговарачки процес затоа што со Светска банка имаме одлична соработка, со ММФ се разговара за следен договор за кредит, а исто така, чекаме позитивни одлуки околу обезбедувањето на еврообврзницата во државата. Но Владата штом ќе биде подготвена верувам дека ќе ги објави мерките, изјави Заев.

Оценувајќи дека се уште се на ниво на шпекулации оние информации што излегоа за 10.000 денари помош на одредени категории, рече дека тоа може да има еден амбиент на кој точно би се дале, но оти стручни служби од ММФ и Светска банка може да кажат да се насочат таму каде во светот се покажало дека има резултат.

-Затоа досега е само на ниво на дебата и Владата на крајот е таа што конечно ќе ги донесе одлуките и ќе ги соопшти. Јас како претседател на најголемата политичка партија, чинител во извршната власт, сметам дека давам доволно прилог заедно со нашите органи и тела и сите наши коалициски партнери во димензионирање на максимално добри мерки за рестарт или заживување на економијата, односно за да го искористиме периодот дека секоја криза може да биде и нова можност. Дополнително треба и навремено да се димензионираат и почнат да се ефектираат следните пакети на мерки, потенцира Заев.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ