Зaев телефонски му честитал на Мицотакис

Лично, телефонски премиерот Зоран Заев денеска му ја честиташе победата на Кирјакос Мицотакис на вчерашните ибори во Грција. Владата преку соопштение информираше дека Заев и Мицотакис заеднички изразиле надеж за продолжување на соработката меѓу двете земји, во очекување на нивната прва средба како премиери.

„Премиерот Заев ги потврди позициите дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изрази благодарност за поддршката којашто нашата земја ја добива од Грција, за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ“, стои во сопштението од Владата за телефонскиот разговор.

Заев преку соопштението му се заблагодари на досегашиот грчки премеир Ципрас на соработката, пријателството  и заедничкото надминување на спорот за името.

Телам не доби конкретен одговор на прашањето испаретно до владата кои се нејзините очекувањата од промената на власта во Грција во контекст на идните односи меѓу двете земји, поддршка за евроинтеграциите на земјава и имплементација на Договорот од Преспа, со оглед дека Нова демократија беше негов остар противник.

Од СДСМ пак најавија дека со официјален став за смената на власта во Грција и очекувањата од новата грчка влада ќе се огласат од утре.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак победата на Мицотакис беше очекувана, а партијата е подготвена, како што велат, кога ќе се врати на власт, да го репреговара Договорот од Преспа, бидејќи тој е штетен за земјава.

За македонската опозиција нема да биде изненадување и доколку новата грчка влада ги проблематизира евроинтегративните процеси на земјава, бидејќи самиот Мицотакис ја посочувал можноста за тоа.

Аналитичарите во земјава пак се на став дека промената на власта во Грција може да предизвика сериозни последици во билатералните релации меѓу Скопје и Атина, но и во меѓународните сојузи.

Тамара Грнчароска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ