Заев со порака од Пелинце: Договорот за името е најдобра и фер шанса за граѓаните

30-ти септември е денот за новата историска одредница кога ќе донесеме одлука за нашата иднина во европското семејство и НАТО порача премиерот Зоран Заев во говорот од прославата во Пелинце. Заев ги повика граѓаните на 30 септември да излезат, да заокружат ДА и да изберат иднина наместо небиднина.

Од  бината на меморијалниот центар АСНОМ, Заев говореше и за договорот со Грција. Оцени дека договорот е најдобрата и фер шанса за со која се расчистува патот за ЕУ и НАТО и дека со него се потврдува македонскиот идентитет јазик култура и државјанство. Рече дека договорот е патриотски и патриот е оној кој го сака најдоброто за својата земја и го гради патото на идните генерациии.

Дел од говорот на Заев падна во сенка од протетстот на ченови на „Левица“ кои неколку минути пееа антифашистички песни. Сметаат дека државниот празникот бил узурпиран со партиска агенда.

Освен насобраните граѓани пораките на Заев ги слушаа претставници на дипломатскиот кор државни функционери, коалициони партнери, пратеникот Амди Бајрам кој го пречека премиерот за да се поздрави . Претставници на ВМРО ДПМНЕ на почетокот положија свежо цвеќе. Цвекиња положија и други партиски и државни делегации, претставници на сојузот на бороците на армијата. За културно уметничкиот дел беа задолжени хорот Вардар, Ансамбот Танец и за прв пат културно уметничкото друштво Емин Дураку.

Од прославата за 74 години од првото заседание на Асном граѓаните порачаа не постои позначаен датум од поновата историја на Макеоднија, како вториот Илинден.

На 2-ри август во Манастирот Св. Прохор Пчински се одржало првото заседание на АСНОМ на кое се 115 делегати донеле  државотворни решенија за иднината клучни за иднината на Македонија.

 

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ