Заев со осуда на протестите, Ременски најави кривични пријави

Протестот е уставно право, граѓаните имаат право да протестираат, но, не пред домовите на пратениците, порача премиерот Зоран Заев. Вели дека институциите веќе преземаат дејства против заканите.

Заев тврди и дека има докази дека протестите се организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Истото го тврди и пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, која најави кривични пријави за лицата за кои вели дека има докази дека се организатори на протестите пред нејзиниот дом. Кривичната пријава е за дело за кое е предвидена и казна затвор, затоа што, како што вели, ова не е најавен протест, туку самоволие за кое треба да се погрижат институциите.

Вчера и од ДУИ излегоа со истото обвинување, но претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, демантираше дека тие се организатори на протестите. Изјави дека, не може да оправда какво било насилство но, одговорноста за ова што се случува во државата е на владејачкото мнозинство.

Протести имаше и пред домот на пратеникот Далибор Богдановски во Сопиште, како и на пратеникот Диме Велковски во скопски Аеродром, каде беше испишана паролата Предавник. Деновиве групи на граѓани протестираа и пред домот на  Хари Локвенец во Прилеп, на Панче Иванов во Велес, а протести имаше и во Виница, Демир Хисар, Ѓорче Петров и Драчево.

Само неколку часа по изгласувањето на Законот за јазиците, беше опожарен автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од Виница. Полицијата ги чува домовите на пратениците од СДСМ од средата, откако гласаа „за„ Законот за употреба на јазиците, а како што тврдат оттаму, се преземаат и соодветни мерки за нивна заштита.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ