Заев со лажниот Питер Порошенко Македонски – зборувале и за чоколади и за политика

Вака на јутјуб почнува 54 минутното видео на кое двајца млади руси, кои се претставуваат како пранкстери, му се претставуваат на Заев како екс украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Меѓу двете страни, Заев и луѓето кои изведуваат пранкови, односно измами или еден вид на скриени разговори со познати, имало три комуникации преку Ватсап на телефон. Првиот бил лани во август, еден месец пред референдумот, вториот пат во јануари оваа година пред гласањето во параламентот за преспанскиот договор, и третиот во април, ден пред македонските и украинските претседателски избори.

Двајцата комичари на врвен начин успеваат да го убедат Заев дека се навистина Порошенко, односно Столтенберг и главно го испрашуваат во детали за неговите ставови за горливи прашања. Заев не забележува дека станува збор за пранкстери односно измамници и одговара во детали на прашањата кои на моменти се провокативни. Во првиот разговор се зборува кој ќе дојде на посета во Македонија пред референдумот, а Заев на наводниот Порошенко дури му одговара дека македонскиот претседател во тоа време Иванов е проруски и дека Русија силно работи против успехот на македонските аспирации за НАТО членство.

Се спомнува дури и прашањето за името, а комичарите наведуваат дека Украина имала сличен проблем за името со латино американската држава Хондурас. Во разговорите лажниот Порошенко ги бара од Заев броевите од високиот американски претставник Вес Мичел и од косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Лажниот Порошенко дури на Заев му тврди дека е родниснки поврзан со Александар Македонски и на шега му вели – „е сега да ме викаш Питер Македонски“, по што Заев во смеење му кажува „Чао Питер“.

Пред гласањето во Праламентот за преспанскиот договор, лажниот руски Порошенко, повторно му се јавува на Заев и го прашува дали ќе треба да ги потплаќа пратениците од опозицијата како тој што направил во Украина.

Во два разговори, Порошенко лажниот, наведува дека може да помогне во разговорите со вселенскиот патријарх Вартоломеј и дека му дал 100 илјади евра за автокефална украинска црква. Таа идеја наводниот Порошенко ја кажува еден ден пред вистинскиот Порошенко да ги изгуби изборите, што беше и очекувано.

Прашањата кои двајцата пранкстери ги поставуваат се одлично подготвени со детали за внатрешните прашања во државата, но Заев и покрај отворениот пристап им одговара.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ