
Заев: Штетата предизвикана од прославата во МНТ е 3.965 евра
Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека проценетата штетат од минатонеделната прослава на навивачката група „Шверцери“ во МНТ е 3.965 евра.
Одговарајќи на пратеничко прашање, тој рече дека веќе е направен записник од работна група за утврдување на одоворноста, но не успеал да го види и само ги кажа штетите што се веќе утврдени.
-Откорнати тапацири на потпирачи на 5 столици во вкупна вредност од 125 евра, откорнати ногарки на столици од лежиште во вредност од 3.000 евра, откорнати парафети на галериите од 10 метри и од 2 метри, во вредност од 240 евра, искршени орнаменти во вредност од 200 евра, искршени 5 подни светилки и дупки на теписон од цигари. Вкупната штета е 39.65 евра, рече Заев.
Тој истакна дека кога ќе се утврди одговорноста, тогаш оваа материјална штета ќе се надомести, но Заев рече дека поголема е онаа духовната што е нанесена.
-Националниот театар е отворен за сите и сите треба да го користас, но се знае под какви услови. Од тоа треба да произлезе и одворноста што ќе биде објавено кога ќе се утврди, рече Заев.
Тој објасни дека во МНТ во петокот минатата недела се одржале два настани, при што за едниот настан на кој тој присуствувал, за едно со министри и други јавни личности, Владата со МНТ потпишала Договор за одбележување на Денот на албанската азбука.
-Вашиот денешен одговор значи дека членовите на вашата влада Османи и министерото за образование не се во право кога рекоа дека имало само гласно славење. Туку има и материјална штета, рече пратеничката Магдалена Манаскова која го постави прашањето.
Таа го побара на увид договорот што бил склучен за вториот настан, кога и настанала штетата. Рече дека ова е важно за да се види кој би ја надоместил штетата.
-Ако е Владата, имаме проблем. Ако е посебен договор, го барам на увид. Според таков договор со поединец за закуп на кој било објект, во договорот стои дека тој што го изнајмува ќе ја плати евентуалната штета. Доколку има само еден договор само со Владата, а нема друг, за два одвоени настани ќе имаме проблем, рече Манаскова.