Заев се обидува да обезбеди поддршка од дел од пратениците

Од утрово се водат интензивни преговори за обезбедување на 2/3 мнозинство за уставните измени. Премиерто Заев се сретна со лидерот на Беса, Билал Касами, но договор се уште нема.

Бројни се шпекулациите за тоа дали ќе се одржи собраниската седница на чиј дневен ред се уставните измени.

Една од шпекулациите е дека седницата може да биде одложена за 15 часот.

Заев, како што известува репортерот Соња Николовска, извесно е дека е во Собранието и на средбата со Билал Касами бара поддршка за уставните измени.

Неизвесноста продолжува Заев продолжува да ги приближи ставовите и со други пратеници.

Од владеачкото мнозинство доаѓа оптимизам дека ќе се обезбедат потребните 80 гласови од пратениците за да поминат уставните измени.

А пред собранието продолжуваат протестите, како што информираше е нашиот репортер Петар Догов демонтрантите остануваат на барањата дека не треба да се менува Уставот и дека треба оваа власт да си оди.

Крилото на БЕСА на Африм Гаши е за уставните измени и членството во НАТО, се вели во соопштението кое денеска го испратија од оваа партија.
  • Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето БЕСА му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат. Притоа, ние уште еднаш потврдуваме дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата, пишува Гаши.

Седницата почна во средата кога премиерот Зоран Заев имаше експозе за уставните измени, по што претседателот на Собранието ја прекина и ја презакажа за вчера, кога нејзиниот почеток беше неколкупати презакажуван, по што продолжението беше закажано за денеска напладне.

На дневен ред на оваа седница се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

По прогласувањето на амандманите пратениците треба да го изгласаат и уставниот закон за нивно спроведување. Овие амандмани ќе бидат составен дел на Уставот на Република Македонија и ќе влезат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ