
Заев се надева дека притворите на Јанакиески и Божиновски нема да ги закочат уставните измени
Премиерот Заев смета дека притворите на Мијалков Јанакиевски и Божиновски веројатно ќе влијаат врз процесите, но се надева дека 2- 3 мнозинство за уставните измени не само што ќе се потврди туку и зголеми. Со дел од осумте пратнеици разговарал и по приведувањето на Мијалков но вели дека тоа било во врска со продолжување на дебатата во парламентот непосредно пред планеарната седница за амандманите, закажана за 1ви декември.
- Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае. Јас се надевам дека ќе останат на своите ставови, заради тоа што процесот како тече дискусијата за нацрт-амандманите на Уставот инклузивноста ќе заврши јавната дебата по втората пленарна седница, која е планирана на 1 декември и ќе ги соопштиме амандманите по кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденот на опозициските дискусии и предлози во самите уставни амандмани, што според мене ќе значи потврдување на довтретинското мнозинство, па дури и негово зголемување, рече премиерот Заев.
Премиерот вели дека иако понекогаш обвинителствата и судовите вршејки си ја својата работа влијаат на политичкиот процес, сите треба да се носат со одговорноста што ја имаат, пред се политичарите. Очекува паралелно да продолжат да течат двата процеса без да си направат штета – во парламентот каде се уставните амандамни членството во ЕУ и НАТО и во судството со владеењето на правото и одговорност за сите што се огрешиле на законот.
Копретседатлеката на координативното тело за помирување Емилија Александрова во телефонски разговор за Телма го повтори ставот дека притворите го разнишуваат процесот на помирување. Потврди дека веке среда е утврдена како датум за првиот состанок на телото но се надева прашањето за 27 април да биде мегу првите.
- Во телото членуваат 20 пратнеици и не можам да кажам што ќе биде прво на агендата но се надевам дека ќе се разговара и за клучните прашања. Во нашето 4то барање како пратеници оставивме рок од 30 дена а тој е веќе пробиен и очекуваме најскоро решение, вели пратеничката Емилија Александрова.
Од ВМРО ДПМНЕ подготвуваат антивладини протести на годишнината од приведувањето за 27 април. Велат, се спротивставува на лошите политики на власта а за телото за ппомирување не плнаираат да учествуваат.
Со кој интензитет ќе продолжат протестите од паријата велат дополнително ќе ја известат јавноста за секој нареден протест.
Елена Ивановска