Заев најави времено отстранување на Ременски од партијата

Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинито или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност, вратите се отворени  секогаш за секого, рече денеска премиерот Зоран Заев, прашан  дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со функционер од власта.

Ако сакаме да чекориме кон правна држава како што сите ја посакуваме, законот мора да важи еднакво за сите, никој да не се затскрива зад каква било партиска, општествена или друга функција. За да испратиме порака дека судиите и обвинителите треба да се водат од аргументите и доказите, постапките да се транспратентни и да се воспостави правен систем во кој граѓаните ќе веруваат како систем на вредности заснован на законите и Уставот,

рече Заев.

Навреме, како што дополни, ќе ги соопштат ставовите откако ќе  прочитаат и видат за што е осомичено лицето и дали е обвинето.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ