Заев: Разочаран сум и лут, стојам пред вас и предлагам избори

Разочаран сум и лут, а вашиот гнев го чувствувам како уште една лузна, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање пред граѓаните откако вчера ЕУ лидерите не донесоа одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

„Ги завршивме сите наши обврски, а тие не. Ние сме жртви на историска грешка што кај нас предизвика голема огорченост, рече Заев, кој додаде дека оваа лоша постапка на унијата е сериозна работа.

„Но, тоа беше одлука на ЕУ заради нивни внатрешни работи, која не можевме да ја смениме“

Заев рече дека сега стои исправено и одговорно, бидејќи е уверен дека секој политичар треба да е одговорен пред граѓаните.

„Предлагам организирани, брзи и предвремени избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука и потврда за патот на нашата земја. Ова ќе го предложам и утре на средбата кај претседателот Пендаровски“, соопшти премиерот.

Граѓаните ќе треба да одлучат по кој пат ќе одиме, додаде Заев и истакна дека јасно порачува дека европскиот сон нема да се сруши.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ