Заев: Простено им е на сите, но амнестирани ќе бидат само неколку категории

Нацрт законот за амнестија е на разгледување во партиските органи. Штом ќе го помине партискиот филтер, ќе биде официјално поднесен во Собранието. Премиерот Заев потврдува дека законот ќе направи дистингција меѓу оние што не извршиле насилство и оние што биле насилни, учествувале во организацијата или осмислувањето на настаните од 27 -ми април.

Заев објаснува дека идејата е помирување а не влијание врз правосудството. А Обвинителството не сака да коментира додека не го види текстот на законот, иако потенцира: преквалификација на кривичното дело може да направи само обвинителот.

Предлог законот се уште не е разгледан ниту во Координативното тело за помирување. Оттаму повикуваат на трпеливост.

И во ВМРО ДПМНЕ го чекаат текстот на законот. За нив, селективната правда не е правда.

Законот најверојатно ќе донесе амнестија за 40-тина од вкупно 70 обвинети за настаните од 27 април за различни кривични дела. За да биде донесен неопходна е поддршка од најмалку 61 пратеник, но и потпис на претседателот Иванов.

           

Соња Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ