Заев прифаќа шпицен кандидат, ако Мицкоски прифати една изборна единица

Предизборието влезе во законодавниот дом. На последната седница за пратенички прашања, пратениците со остра реторика за своите политички противници.

И власта и опозицијата се убедени во победа на изборите на 12 април. ВМРО ДПМНЕ го праша Премиерот Заев дали прифаќа да биде шпицен кандидат на изборите.

Заев е убеден дека граѓаните нема да гласаат за ВМРО ДПМНЕ затоа што според него под ризик  ќе бидат ставени меѓуетничките односи, а ќе имало и кавги со Грција и Бугарија. Во однос на рекламирањето владини проекти опозицијата обвини дека власта е бледа копија на старото ВМРО ДПМНЕ, се рекламираат по телевизии и трошат народни пари.  

Антонио Милошоски стави транспарент на говорницата со кој се одбројуваат деновите на Заев како премиер и преку телефон пушти дел од ветените, а нереализирани проекти.

Пратеничките прашања се поставуваа во релаксирана атмосфера, можеби и затоа што парламентарниот состав го завршува својот мандат, а голем дел од актуелните пратеници нема да се најдат на пратеничките листи. 

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ