
Заев: Предвремени избори само 45 дена пред редовните
Ако добиеме датум за ЕУ, премиерот ќе оди на меден месец наместо на избори. Изјави дека, предвремени избори може да има најрано следниот октомври, на 45 дена пред редовните, затоа што ќе ја следи праксата на останатите држави, кои по добивањето на датум, уживале во придобивките.
За ВМРО ДПМНЕ, споредбата е неоправдана.
Најголемата опозициска партија бара предвремени избори во март следната година.
Веднаш по одлуката за датум за ЕУ, без оглед на тоа, каква ќе биде таа, да се распишат избори, а во јануари да се формира техничка влада, која ќе ги спроведе изборите.
Тие месецов почнаа и со активности на терен, преку акцијата „Разговори за обнова на Македонија“, на што владејачката партија одговори со ребрендирање во црвено-бела боја и кампања „На прав пат“.
Далиборка Дeмјанска Цветановска