
Заев предлага брзи предвремени избори
-Сериозноста од актуелниот миг бара од мене и сите нас сериозна одлука. Поаѓајќи од одговорноста како политичар на мој грб ја преземам разочараноста на граѓаните., рече премиерот Заев на своето обраќање.
–Европскиот сон на народот нема да биде скршен, рече Заев
-Одговорно се исправам пред Вашата одлука, сега е потребен вашиот став. Сметам дека единствено решение е организирање брзи предвремени избори, истакна претседателот на владата Зоран Заев, кој вели дека граѓаните треба да одлучат дали ќе се продолжи по европскиот пат или ќе се избере изолација.
Премиерот изјави дека тоа ќе биде неговиот предлог на утрешната лидерска средба кај Претседателот Пендаровски.