
Заев: Потребно ни е единство, референдумот мора да успее
Референдумот е клучен за иднината на Македонија и доколку тој не успеа пропаѓаат сите политики и реформи. Опозицијата мора да се вклучи без разлика на спротивстваните ставови бидејќи нема друга алтернативен пат за државата и затоа нема да престанам со повиците кон опозицијата да се вклучи во процесот рече премиерот Заев на денесшната меѓународна конференција „Македонија гледа напред“. Тој потенцираше дека опозицијата е против договорот со Грција но за интеграција во НАТО и Европската унија и затоа има одговорност и значајна улога во успехот на референдумот.
Во своето излагање тој наведе дека Македонија преку реформите и договорите со Бугарија и Грција испратила сериозна порака до Европската Унија околу подготвеноста за членство. Премиерот Заев потенцираше дека сега граѓаните се ставени пред тест на кој мора да донесат сериозни одлуки кои не се така лесни.
Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски исто така се обрати пред присутните и потенцираше дека поддршката на граѓаните за членство во Унијата и НАТО е над 80 отсто а таков процент нема во ниту една друга држава во регионот и во Европа. Тој смета дека одложувањето на стартор на преговоротие за јуни 2019 година не може да се смета како поддршка но спеак останува на ставот дека граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука на референдумот и ќе гласаат за
На конференцијата се обратија и претставници на меѓународната заедница кои без исклучок ги препознаа напорите и рефорните на македонија за исполнување на стандарите на НАТО и ЕУ, отворено застанаа зад Владата и побараа од граѓаните масовност на претсотјниот референдум.
Огнен Чанчаревиќ