
Заев попладнево на средба со Мицотакис во Солун
Премиерот Зоран Заев, попладнево е во Солун, каде ќе се сретне со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.
Пред да замине за Солун, Заев кажа дека ќе се разговара за претстојниот самит на НАТО и за спроведувањето на преспанскиот договор. Заев во Солун ќе учествува на годинашниот самит, кој се одржува денеска и утре под покровителство на грчкиот претседател, Прокопиус Павлопулос.
Со Мицотакис очекува да разговараат и за економски теми, а на самитот ќе биде и бугарскиот премиер Бојко Борисов.