
Заев оптимист но, сигналите од Европа говорат дека ставот на Франција е непроменет
Ништо не е сменето, ставот на Франција за отпочнување на преговори на Северна Македонија со ЕУ останува ист како во јуни годинава. Ова го објави Анеција Европа повикувајќи се на дипломатски извори во Советот на ЕУ. Според медиумот „неколку земји“ сѐ уште имаат резерви за отпочнувањето преговори како со Македонија така и со Албанија. Изворите на Агенција Европа велат дека Франција и Данска немаат сѐ уште став, но „Франција не покажа голем оптимизам“.
Пораката од Франција е дека крајната одлука ќе ја донесе Макрон, и не е исклучено тоа да се случи на Европскиот Совет на 17-ти октомври, наместо на министерскиот состанок во Луксембург на 15-ти.
Оптимизмот кај македонкаста влада не е попушта, премиерот Заев очекува покана за почеток на преговори со ЕУ .
Османи очекува од Франција нова методологија на преговори.
Холандија е помалку загрижена за Северна Македонија, а повеќе за Албанија, изјави холандскиот премиер Марк Руте на средбата Меркел. Северна Македонија има постигнато повеќе од Албанија, но ќе разговораме за тоа, рече Руте.
Во Луксембург синоќа Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои резолуција за напредокот на Македонија, но потенцирани се пет области кои ќе ги оценува во следниот извештај. А тоа се: функционирање на институциите, независноста на судството, борба против корупцијата, зајакнување на изборните рамки и заштита на правата на малцинствата.
За подобрувањето на односите со соседите државава доби оценка „извонредно“. Пофалби за амбициозниот план за реформи но, потребна е целосна имплементација на донесените закони.
Билјана Ставрова