
Заев оптимист дека ќе се изгласаат уставните измени
Премиерот Зоран Заев, во пресрет на продолжението на собраниската седница на чиј дневен ред се уставните амандмани, уште еднаш нагласи дека е оптимист оти ќе се изгласаат уставните измени.
Во врска со барањата на БЕСА околу државјанството, Заев рече дека се бара техничка формулација околу државјанството, да се задржи идентитетот во државјанството за Македонците, но да не се почувствуваат Албанците, Турците Србите и другите обесправени.
– Во делот на процесите на преговорите учествувам како претседател на СДСМ. Да не бидат лошо пренесени пораките. БЕСА е принципелно поставена во однос на идентитетот. Од другата страна се осумтте пратеници кои будно следат што ќе се случува со идентитетот. Државјанството е „Македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија“. Се наоѓаат технички формулации како да биде државјанството „македонско кроз граѓани на Репиблика Северна Македонија“, но да се обезбеди другите да не почувствуваат дека се обесправени и дека се Македонци. Државјанството не е етничка припадност, тоа треба да го разграничиме, но ние во преговорите (со Грција) баравме да се стави во формулацијата – македонско. И сакаме тоа да се задржи и еднаш за секогаш да се знае. Тоа го знае и Билал Касами. Но истовремено не сакаме припадниците на другите етнички групи да бидат обесправени. да бидеме реални не е исто на албански „маќедонис“ и „македоник“ , Македонец и на Македонија. Тоа е игра на зборови. Ако бидеме поинвентивни ќе изнајдеме решение и за овој проблем.Верувам дека ќе го најдеме– рече Заев.
На новинарско прашање дали ако пратеничката Елизабета Канческа-Милевска не гласа за уставните измени ќе се загрозува потребното двотретинско мнозинство, Заев одговори дека тоа е нејзина лична одлука.
– Не знам за ниту еден пратеник. Пратеничката Елизабета Канческа Милевска е координатор на новата пратеничка група и таа е длабоко влезена во процесот на разговорите за сѐ. Работи буквално како нас во Владата, креаторите на амандманите. Знам дека знае за сите детали, секако одлуката ќе ја носи лично таа, нејзината пратеничка група, секој пратеник поединечно, па и вкупно сите 120 пратеници, па и очекуваните 80. Не можам да кажам дали без еден пратеник ќе има 80 или не. Не знам дали ќе бидат 80, дал 79, дали 82, дали 78. Никој тоа не може да го каже, рече премиерот Заев.