
Заев оди во Брисел, последен обид за лобирање за датум за преговори
Голема неизвесност но и оптимизам дека ќе се донесе одлука за почеток на преговори со Унијата. Премиерот Заев патува за Брисел во последен обид да лобира за датумот. Ќе ги искористи сите средби со премиерите за да ги убеди во носењето на одлуката. Верува дека конечниот став ќе го даде Европскиот Совет.
Заев очекува Европа да ги вреднува сите постигнати резултати на државата. Законот за јавно обвинителство не е апсолвиран во извештајот како основен услов за преговори, но добро е во наредниот период да се донесе. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува и се надева дека граѓаните нема да бидат казнети и да бидат заложници на како што велат лошите политики на Заев и Владата.
Без оглед на тоа дали ќе има или не датум за почеток на преговори, предвремени парламентарни избори нема да има. Премиерот е дециден дека тие ќе се одржат во октомври 2020 година.
Јулијана Пешевска