Заев од Брисел: На потег е Европа да покаже дека стои на зборот

На потег е Европа да покаже дека стои на зборот, порача  премиерот Зоран Заев од Брисел по средбата со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер и еврокомесарот Јоханес Хан. Нема друга гаранција за стабилноста на земјата, освен датум за преговори со ЕУ, потенцираше Заев. Јункер му одговори дека ќе стори се`за да ги убеди членките, Македонија да почне преговори и дека датум може да се очекува во јули. Јункер уверува дека изборите во Грција нема да влијаат на процесот.

-Во 2018 година кажав дека ниту една земја нема да се приклучи на ЕУ ако не си реши сите билатерални спорови. Северна Македонија го направи тоа, а другите земји од регионот треба да ја следат. Северна Македонија е пример за останатите. Ова се гледа и преку спроведувањето на реформите. Извештајот кој беше објавен мината недела го покажа тоа секоја одлука за отпочнување на преговорите е целосно објективна и се базира на исполување на обврските во одредени области. Според нашето мислење Република Северна Македонија е подготвена за следниот чекор, рече претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.

-Ако една земја го исполни сето она што се бара од неа и тоа не биде соодветно наградено, тоа не е вистинска мотивација. Доколку е обратно тоа ќе биде дополнителна мотивација и ќе ги подобри преговорите меѓу останатите земји од регинот. Ова е во интерес и на Европа да има стабилност и во регионот, а тоа може да се направи преку обезбедување на перспективата за земјите, ако нашите партнери ипорачаат тогаш истото ќе мора да го направиме и ние. Убеден сум дека ова им е јасно на нашите земји членки, рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ