Заев: Од Беџети барав да се постапува по закон

Јас разговарам со сите градоначалници кога се работи за проблеми на општините и кои ги загрижуваат граѓаните, а за кои може да помогне владата, реагираше денеска на социјалните мрежи, Премиерот Зоран Заев, по обвинувањата на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

Заев тврди дека од Беџети барал во однос на дивоградбите на Матка да се постапува по закон и низ институциите.

Со Беџети, како координатор на правниот тим на ДУИ, Заев вели дека разговарал и за потребата сите учесници во правосудните институции, а избрани во Парламентот, да бидат пример и да носат одлуки, а не поради било какви изговори постојано да ги одложуваат одлуките.

Дополнително, пишува Заев, со Беџети зборувал и за шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет.

Ме интересираше дали има вистина во тоа и му укажав дека не е умесно таквото однесување, доколку постои, објави Премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ