Заев очекува позитивна одлука за почеток на преговори

Ново писмо за поддршка за почеток на преговори со ЕУ. Четворица министри, меѓу нив министерот за надворешни на Унгарија, Питер Сијарто и словачкиот Мирослав Лајчак, денека побараа отворање на преговорите со ЕУ за Македонија и Албанија.

Оптимизмот во владата останува. Премиерот Заев убеден дека на министерскиот состанок во Луксембург, кој почнува утре а ќе трае до 18-ти, земјите членки на ЕУ ќе одредат датум за почеток на преговори со Македонија.

И покрај негативниот став на Франција дека нашата земја не треба да добие датум поради неисполнетите реформи, премиерот смета дека Макрон сепак утре ќе даде зелено светло.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ