Заев очекува 61 пратеник и победа во шестата изборна единица

Претседателот на СДСМ Зоран Заев е убеден во победа на изборите на 12 април. Како аргументи ги наведува членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Верува дека коалицијата со БЕСА ќе им донесе најмалку 61 пратеничко место.

Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат со кои партии ќе коалицираат се додека не завршат преговорите до крајот на неделата. И тие очекуваат победа на изборите.

ДУИ се сигурни дека ќе добијат најмногу пратенички места од албанскиот блок и ќе барата да се примени правилото за коалицирање на победник со победник.

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ