
Заев: Нема веќе ФИРОМ – Република Северна Македонија преведено на сите јазици
Република Северна Македонија преведено на сите јазици е името што Заев и Ципрас го потврдија како решение на 27 годишниот спор мешу двете земји.
Се зачувуваат идентитеските прашања најави Заев. “Макеоднски јазик, Македонец, Македонка заштитени и зајакнати еднаш за секогаш, изјави премиерот кој нагласи дека нема веќе ФИРОМ и меѓународни договори каде се избегнува македонскиот јазик.
“Име кое е достоинствено, Републикa Северна Македонија со превод на сите јазици за севкупна употреба се прецизира со амандман во Уставот, потврда на македонскиот јазик македонски, Macedonian без фуснота, националноста е македoнска/граѓани на Северна Македонија”, изјави Заев.
Тој повика на национално обединување и најави дека договорот прво ќе оди на Референдум, а потоа ќе се ратификува во Парламентот.
„Ова е вистинското решение. Создадовме историска можност за успех. Гласот на граѓаните е конечен и во овој договор стои дека на есен ќе има референдум. ‘Да’ за македонската иднина. Денес како никогаш порано сум исполнет со чуство на искрена надеж за иднината на сегашните и идните поколенија. Зборувам за надеж и оптимизам, кој ни кажува дека доаѓа подобро време. Шансата е тука и мора да се искористи храбро и смело.
Се осмеливме затоа што не ни беше сеедно. Се определивме за иднина. Имаме историско вековно решение. Решавајќи го спорот, градиме пријателство со Грција, кое никогаш не било поголемо. Во нашите раце е клучот за отворање на европската перспектива. Решаваме два и пол децениски спор за да ја извлечеме нашата земја, која одеше надолу. Со решението го јакнеме македонскиот индентитет. Нема веќе ФИРОМ. Признати сме од Република Грција. Нашата добивка е бесценета, гаранција за безбедност и зајакнат идентитет. Република Северна Македонија е предвидено да биде за севкупна употреба”, рече премиерот Заев на прес-конференцијата.
Премиерот додаде дека договорот ќе биде презентиран пред сите, а потоа потпишан од претставниците на двете влади, по што следи ратификација во Собранието на Република Македонија.
„Следуваат писма од грчката влада до ЕУ и до НАТО дека нема спор за името и дека нема пречки за членство во НАТО и препорака за почеток на преговорите за членство. Веруваме дека во јуни ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, а во јули ќе добиеме и покана за полноправно членство.
Наесен следува референдум, на кој граѓаните ќе одлучат за иднината. Граѓаните ќе бидат дел од иднината, да кажеме ‘да’ за македонската иднина.
По референдумот Грција до крајот на годинава ќе го ратификува договорот и протоколот за членството во НАТО“, рече премиерот.
На новинарското прашање на МКД.мк кога ќе биде испратено писмото до 190 земји за новото име, Заев одговори дека писмото ќе биде пратено кога договорот ќе биде прифатен од двете страни и ќе бидат информирани земјите за новото име.
Заев информираше дека ќе дојде до промена на ознаката на регистарските таблички на возилата, наместо МК – НМК, а остануваат да важат кодовите МК и МКД.