
Заев: Нема пречки за прифаќање на барањата на опозицијата
Во наредните денови власта и опозицијата преку Собранието ќе почнат да работат на текстот на нацрт амандманите. Нема пречки, вели премиерот Заев, во нив да бидат вградени и барањата на групата опозициски пратеници кои својот глас при првичната поддршка на уставните измени го условија со прифаќање на четири барања, меѓу кои, амандман за гаранција на македонскиот идентитет.
И вицепремиерката Шеќеринска посакува пратениците да постигнат консензус за уставните измени. Не сака да прејудицира колку амандмани ќе има и што точно ќе содржат.
Министерката порачува дека ова е вистинскиот момент да се порази поделеноста на државата и да прекинат политичките поделби и конфликти.
Гласот на 80-те пратеници, вели Шеќеринска, е историски глас против изолацијата, несигурноста, сиромаштијата и политичките кризи. Од утре а во рок од 30 дена, во Собранието треба да почне формирањето собраниско тело кое изготви план за национално помирување. Го предложи групата опозициски пратеници кои поддржаа уставни измени, а паламентарното мнозинство го прифати откако и премиерот Заев повика на простување и помирување за настаните од 27 април.
Соња Николовска