
Заев: Нема опција дали треба или не да се излезе на референдум
Премиерот Зоран Заев даде опомена дека ако граѓаните се решат за бојкот на референдумот за договорот за името со Грција, тогаш обврската за носење одлука ја пренесуваат на институциите.
Исто така премиерот Заев рече дека постои опција дали да се гласа „ДА“ или „НЕ“, но не постои опција дали да се излезе или не на референдумот.
Заев не кажа директно дали со неисполнет референдум со пропаднат цензус задачата за носење конечна одлука ќе ја преземе Собранието.