
Заев:Нема дефинитивен договор за името
Нема дефинитивен договор за името Република Северна Македонија, тврди премиерот. Договорени се принципи и начела, а следи разговор со Ципрас, најдоцна до петок, по што, вели, се очекува значаен исчекор во преговорите. Доколку дојдат до решение, ќе следи првин ратификација на договорот во Парламентот, со просто мнозинство од 61 пратеник, а дури потоа референдум.
И грчкиот премиер, Алексис Ципрас, синоќа изјави дека се наѕира перспектива за решение на името.
Во врска со нон пејперот од Франција и Холандија во однос на проширувањето на ЕУ, во кој имаше бројни критики за Македонија, особено за реформите во правосудството и за партизација на администрацијата, премиерот вели дека реформите се почнати, но не и завршени.За него е позната резервираноста на овие две држави кон проширувањет на ЕУ. Но, вели, тоа не значи дека се против определување на датум за почеток на преговорите на Македонија.
Далиборка Дамјанска Цветановска