Заев не се откажува од „Република Илинденска Македонија“

Разговорите со Грција продолжуваат во Њујорк, но ние не треба да се откажеме од предлогот Република Илинденска Македонија бидејќи го зацврстува нашиот идентитет, вели премиерот Заев. По веста дека во Грција нема парламентарно мнозинство што ќе го прифати евентуалниот договор за ова име, тој ги повикува да размислат уште еднаш.

И премиерот и министерот Димитров уверуваат дека прифаќањето уставни измени се однесува само на овој пакет. Министерот, кој во четврток повторно ќе седне на преговарачката маса со својот колега Коѕиас, а со посредство на медијаторот Нимиц, вели дека доколку тоа му помага на процесот, подготвен е и да си потпише оставка.

Опозицијата се уште нема дециден став околу предлогот. Смета дека во изјавите на премиерот и на министерот има контрадикторност. Екс министерот Антонијо Милошоски, бара писмена информација до собраниската Комисија за надворешна политика.

Писмен документ очекува и претседателот Иванов, како што истакна по лидерската средба во саботата, на која Заев го информираше државниот и политичкиот врв дека Република Илинденска Македонија е можно решение за 25 годишниот спор со Грција.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ