Заев не ја отфрла можноста за предвремена ратификација, но иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за него е политикантство

Иницијативата на ВМРО ДПМНЕ, за предвремена ратификација на протоколот за НАТО, премиерот ја оцени како политикантство. Не ја отфрла можноста за нешто такво, но само во случај, Шпанија да најави одложување на ратификацијата во нивниот парламент. Тврди и дека не е точна информацијата дека Црна Гора го искористила тоа право, како што информираше ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието ја достави иницијативата на ВМРО ДПМНЕ до владата, која по Устав е надлежна да доставува закони за ратификации. Од опозициската партија бараат, протоколот да се ратификува предвреме, за да не се случи, Шпанија да задоцни, а изборите кај нас да бидат одложени. Добија поддршка и од Алијанса за Албанците, кои предлагаат, протоколот да се ратификува веќе на следната седница на 11-ти декември.

Во Шпанија минатиот месец се одржаа избори, а пратениците вчера се вратија во Парламентот, но сѐ уште нема јасни знаци за брзо формирање на новата влада. Сепак, од МНР, ова беше протолкувано како исклучително добра вест за Македонија.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ